Falundafa.org


Разбудете се

Во овој свет, сочувството се изразува преку љубов и добрина, а тоа се особини со кои практикантите на Дафа секогаш треба да зрачат одвнатре. Има нешто за што размислував неодамна. Ве повикав да помогнете во спасувањето животи, но состојбата на умот што ја имате кога правите работи за да го постигнете тоа, како на пример кога сами ја подигате свеста кај луѓето или настапувате со Шен Јун, не треба да биде ограничена само на тие моменти. Наместо тоа, треба да одржувате ментална состојба во која ги воздигнувате човечките души и треба да го имате ова чувство дека имате цел додека работите на вашето работно место, каде и да се наоѓа тоа. Ова е особено точно за оние од вас кои се вклучени во различни медиумски платформи. Имаше дури и случаи кога другите не можат да го почувствуваат во тебе сочувството што треба да го има некој што води духовен живот. Или пак, вашите коментари за одредени ситуации или настани се засноваат на вашите лични склоности, што не би требало да биде така. Вие сте тука за да помогнете во спасувањето на животите на духовно ниво, и треба да ги проценувате работите према критериумите на Џен, Шан, Рен - да бидете вистинити, љубезни и трпеливи. Она што го пишувате и кажувате треба во најмала рака да им помогне на луѓето да се насочат во насока што на крајот ќе ги воздигне нивните души.

Доста сериозно прашање е тоа што некои од вас често вршат лични напади на важни фигури во владата. Но, ние сме тука да им помогнеме на луѓето да се воздигнат духовно, и да ги избавиме од опасност, а не да правиме непријатели. За волја на вистината, не треба да напаѓате никого, без разлика колку е лоша личноста (исклучок е злобниот, сега починат деспот на Кинеската Комунистичка Партија, Џианг) - а особено не важни личности на двете најголеми партии во Соединетите држави. Сите се тука за добивање на Патот, и сите, на одредено ниво, чекаат избавување од овој свет. Сепак, личните напади имаат тенденција да раѓаат силно незадоволство. И штом ќе се формира таков вид на интензивно чувство, тешко е да се поништи. Па, како ќе им пристапите на луѓето во тој случај? И уште повеќе, ако го направите тоа, веројатно ќе предизвикате одмазда. Зарем немаше многу вакви лекции? Повеќето од нас се аутсајдери овде и не сме длабоко вкоренети во ова општество. Згора на тоа, дојдовме овде за да избегаме од прогонот на ККП. Затоа, треба да бидеме благодарни бидејќи САД ни ги подадоа рацете.

Кога пишувате или зборувате, треба да го правите тоа со намера да им помогнете на другите духовно да се воздигнат и да го правите тоа со љубов кон луѓето. Секој практикант на Дафа - а не само оние во медиумите - треба да се запраша дали го прави она што треба да го прави некој што практикува духовна практика во Дафа. Не можам а да не се чувствувам загрижен кога ќе погледнам назад да видам како сте постапувале. Многу луѓе се подолго време опуштени во својата духовна практика, и се занимаваат со слични работи како и сите други во светот. Тешко дека е тоа духовна состојба за некој што практикува Дафа, нели? Навистина треба сериозно да го сватите овој проблем. Многумина од вас кои се вклучени во различни медиумски платформи треба да почнат да ја поврзуваат својата работа со подигање на свеста и помагање за луѓето да се ослободат од опасноста по нивните души. Ако вашата единствена цел е да го зголемите бројот на кликови, тоа тешко да е духовна состојба за еден практикант на Дафа. Вие трошите голема количина од ограниченото време наменето за спасување на луѓето во овие последни денови! Ќе се каете за тоа еден ден! Одговорност на практикантот на Дафа е да ги извлече луѓето од опасност, но ако продолжите вака, вашето сочувство целосно ќе исчезне! Како нешто такво може да му доликува на некој што води духовен живот? Размислете за работите што се случиле: како може тие да не се поврзани? Постојат повисоки суштества кои ги штитат практикантите на Дафа. Кога работите тргнуваат наопаку, не е ли тоа божествено предупредување? Зошто не си се извлекол од него? И ако нешто тргне ужасно наопаку, не е ли тоа прашање за божјата казна? Ако веќе немате сочувство во себе, ако сте ги изгубиле од вид вашите одговорности и мисија, па дури и сте заборавиле на вашите духовни цели, тогаш сигурно ќе бидете исти како и сите други во овој свет. И ако границите меѓу практичарите на Дафа и другите луѓе се замаглени, што ќе биде со вас како група? Зарем тоа не е застрашувачко? А сепак ние сме суштества кои ја носат најголемата одговорност во универзумот!

Отсекогаш сум ве учел дека не треба да се вклучувате во политика како практиканти на Дафа, ниту да се вклучувате во ривалства меѓу политичките партии. Демократската партија и Републиканската партија, и двете се само световни ентитети. Секој поединец е некој кого боженственото сака да го спаси од овој свет. Не е ваша работа да мислите дека ќе се обидете да им помогнете само на поединци кои припаѓаат на едната политичка партија, а не на другата. Сите тие се мои луѓе! Јас како и многу други божества сакаме да ги спасиме! Се разбира, друга приказна е ако на одредено ниво човекот не сака да биде спасен. Но како практиканти на Дафа не можете да избирате. Секој човек е божествен по природа и секој дошол на оваа земја за да дознае за Дафа и да добие избавување.

Исто така, кога коментирате за нештата (со вашите медиумски платформи), треба да ја фокусирате вашата дискусија на предметот за кој се расправа а не на вклучените поединци. Можеби некој поединец погрешил нешто во некој поглед, но е одличен со работите во друг поглед. Мислењата и верувањата на некои луѓе прилично се разликуваат, но тоа не значи дека се лоши луѓе. Да можеш секогаш и секого да го гледаш со сочувство, да имаш љубов кон сите луѓе, тоа навистина не е нешто што просечниот човек може да го постигне. Уште потешко е да имате сочувство кон сите живи суштества во се што правите. Но, тоа е нешто што практикантите на Дафа мора да можат да го направат! Духовниот развој е процес, и затоа она што го опишав можеби не е остварливо во моментот за оние кои се понови во практиката; но со текот на времето, како што понатаму се развивате во вашата духовна пракса, мора да успеете да го направите тоа. Практикантите ветерани треба да го направат ова сега! Ова е нешто што го диктира вашата историска мисија и тоа е нешто што секој практикант на Дафа кој се стреми кон духовен раст мора да го постигне во својата практика!

Вашиот учител
Хонгџи Ли

6 јуни 2024 година



Превод на македонски, 05.07.2024