Falundafa.org
Искушенија со кои се соочува нашата духовна дисциплина
Беше предодредено практикантите на Дафа да ми се придружат во спасувањето животи во овој историски момент. Го ветивте ова пред почетокот на историјата. Да се исполни тој завет, е величенствена и света чест како ништо друго од создавањето на универзумот. Сепак, она што го вклучува тоа е тешко, напорно и опасно. Тешко е за човештвото да разбере какво извонредно сочувство покажале практикантите на Дафа во човечкиот свет. Додека оние кои практикуваат Дафа работат на спротивставување на прогонот и спасување на животи, зад сцената злите духови ги поттикнуваат луѓето да ги напаѓаат и прогонуваат практикантите, а и мене, поради разни овоземски изговори.
Искушенијата врз нашата практика се наметнуваат од 1999 година, кога започнаа во Кина, и никогаш не престанаа, било да е тоа во САД или на друго место во светот. Кога се обидувате да спасувате животи, се активира кармата што ја направиле во текот на нивните минати животи, а демонските ентитети најверојатно ќе го искористат тоа за да предизвикаат нарушувања и да направат штета било каде и во било кое време. Додека практикантите на Дафа го следат својот учител и се стремат да спасат животи, тие работат на сопственото духовно ослободување и работат на сопствената карма. Меѓутоа, демонските ентитети се обидуваат да ја искористат кармата на практикантите на Дафа и да ги блокираат нивните напори да спасуваат животи. Бидејќи оние што се спасуваат не можат сами да ги отплатат сите нивни гревови и карма од минатото, божествените битија треба сочувствително да ги ослободат од еден дел, додека им остават еден дел сами да го поднесат. И јас морам да поднесам одреден дел за нив. И така, колку повеќе животи се спасени, толку повеќе морам да издржам. И вие самите ќе наидете на неволја ако сте само малку невнимателни додека работите да го прекинете прогонот.
Проблемите со кои сега се соочува медиумската куќа која ја основаа практикантите, главно се должи на тоа што практикантите не работат добро, иако и фактори од други димензии делуваат зад сцената. Мислевте дека е тешко да се борите против прогонот на ККП без средства и сакавте да заработите пари за оваа кауза, и дека владата на САД би имала разбирање доколку со нешто не се постапи сосема правилно. Но тоа беше вашето сопствено размислување. Мислевте дека тоа ќе биде оправдано бидејќи тие пари не ги користевте за други цели, туку за борба против прогонот, со оглед на тоа што се случува вадење на живи органи, а луѓе умираат поради прогонот секој ден. Но, не смеете да заборавите дека практичарите на Дафа треба секогаш да дејствуваат со интегритет, или ќе има проблеми.
Всушност, знам дека уште петнаесет проценти од кармата треба да се отстранат додека одиме да спасуваме животи. Тоа е она што остана по дваесет и неколку години работа за спасување животи. Знам дека тоа е огромна количина. И поради оваа причина, тие работи врз мене прават огромен притисок и терет, и тие ќе продолжат да доаѓаат едни по други. Спасувањето животи е тешко и не е така едноставно како што изгледа. И затоа, гледаме дека се коваат завери дури и против оние светци од Шен Јун Перформинг Артс, кои што спасуваат животи.
Нашите практичари на Дафа се спротивставија на злобната, огромна и жестока пропагандна машина на ККП и видоа дека режимот ја користи силата на целата нација за да ги нападне во секој аспект од нивниот живот. Практикантите на Дафа надвор од Кина се малку на број, така што оние кои што се родители најдоа начин како нивните деца да помогнат во борбата против прогонот. За ефикасно да ја поддржат оваа кауза, Академијата за уметности Феи Тиан и колеџот Феи Тиан се погрижија нивните студенти не само да имаат добри резултати во академските студии, туку и да се развијат во уметници кои се спротивставуваат на прогонот на ненасилен начин. Тие му покажаа на светот каква беше Кина пред комунизмот, им помогнаа на луѓето да ја видат ККП онаква каква што е, го разоткрија прогонот и ја пренесоа пораката дека Божественото спасува животи во последно време. За време на изведбите се користи позитивна енергија за да се отстранат неволјите кои ги чекаат луѓето, а тоа им донесе корист на Американците заедно со остатокот на светот. Значи, секој член од заедницата на Дафа е ангажиран во спротивставување на прогонот.
Во Кина, сите практичари, деца и возрасни, биле изложени на искушенија. Дури и малите деца биле затворани или умреле како резултат на прогонот. Шен Јун им дава можност на некои студенти да настапат со компанијата во рамка на практикум. Нивните родители се надевале дека можеби ќе можат да помогнат во борбата против прогонот додека го добиваат своето образование, и затоа ги испратиле во Феи Тиан. За време на приемниот процес, училиштето секогаш ги прашуваше учениците зошто сакаат да ја посетуваат наставата во Феи Тиан, и тие секогаш одговараа дека сакаат да му помогнат на својот учител во целта да се спасуваат животи. Тие копнеат да настапат со Шен Јун еден ден, да го разоткријат прогонот на ККП и да помогнат во спасувањето на нивните браќа во Кина. Сите ние, и млади и стари, имаме чувство на одговорност за спасувањето животи и спротивставување на прогонот. Некои од помладите ученици се извонредно одлучни, и покрај нивната возраст. Работењето против прогонот е она кон што се стремиме да го направиме во нашата духовна заедница. Не постои влада или корпорација да работи заедно со нас. Како и да е, се уште има луѓе кои се обидуваат да ги поттикнат другите да го нападнат Шен Јун тврдејќи дека ученици кои се малолетни се користат како изведувачи, а тие всушност само учествуваат во своите практикуми. Сосема е природно што сите членови на нашата заедница се чувствуваат обврзани да го направат својот дел за да се спротивстават на прогонот, со оглед на неговата невидена природа. Ако тоа е причината да се нападне Шен Јун, тогаш, до каде ли стигна Америка?
Вистината е, дека не треба да очекуваме дека нема да се соочиме со искушенија како духовна дисциплина само затоа што сме на одредена локација; се работи само за тоа што тие имаат различни форми. И додека траат овие искушенија, се избираат животите дали ќе останат, или пак ќе бидат просеани на крајот, а истото прашање важи и за нашите практиканти на Дафа.
Вашиот учител
Хонгџи Ли
5 јуни 2024 година