Falundafa.org


Духовната практика на Дафа е сериозна

„Култивирајте се со срцето што го имавте на почетокот и успехот е сигурен.” Ова е вистинска изрека во заедницата на култиватори. Откако Дафа, Големиот Пат е претставен во јавноста, откриени се многу важни небесни тајни. Нивното откривање беше впечатливо како ништо друго пред тоа, не само за пошироката јавност, но и за луѓето што следат духовна практика, па дури и за оние во небесните царства. Едни по други, со предодреденост, или без неа, доаѓаа сите да го примат учењето на Дафа и да се култивираат. Меѓутоа, додека некои беа решителни во својата намера и со чувство на посветеност, на други им беше тешко да практикуваат, затоа што не можеа да се ослободат од многу приврзаности кои ги развиле со тек на времето. Постепено, некои од нив станаа опуштени. Кога ќе се земат во предвид обврските на работа и дека не се справиле добро со обврските во семејството, овие поединци имаа се помалку време за учење на Фа и за вежбање. Иако понекогаш може и да учествуваат во групните активности на практичарите, тие не успеваат да бидат доволно трудољубиви. Со текот на времето, тие престанаа да личат на култиватори, па дури и почнаа да прават работи што еден култиватор не треба да ги прави. Ако продолжат вака, им претстои опасност!

Кога секој човек доаѓаше и стануваше Дафа ученик во времето на Фа исправањето, неговата свесна страна се заветуваше и потпиша договор со Божественото. Тие се заколнаа во сопствената душа дека ќе ја исполнат историската мисија што треба да ја превземе ученикот на Дафа, така што тие од тогаш се надвор од влијанието на Трите Царства. Поради тоа јас, вашиот Учител, ги избришав имињата на сите Дафа ученици од книгите на човечкото царство, подземниот свет, па дури и на пеколот. Одтогаш, животите на учениците на Дафа се само во рацете на Дафа и се ослободени од реинкарнација; дури и тие што имаат гревови веќе не се врзани за пеколот. Оние кои добро напредуваат во својата духовна пракса, ги чека духовно совршенство. Тие ќе се вратат на своето место во Новиот Универзум, каде ќе управуваат со сопственото Небесно царство. Оние кои нема да успеат во својата култивација, ги прекршиле своите завети, или згрешиле против Големиот Пат, ќе мора да сносат последици, во согласност со ветувањето што го дале со сопствената душа! Но, јас и понатаму продолжив милостиво да им давам повеќе шанси. Сепак, тие дури и не сфаќаат дека треба да бидат благодарни заради тоа, и се уште тврдоглаво се држат за своите приврзаности.

Иако духовната дисциплина во која се вклучени учениците на Дафа е прилично лабава по форма, стандардот за нив, како поединци посветени на духовен развој е строг и свечен, а нивните историски мисии се сериозни и тешки. Учениците на Дафа кои ќе постигнат духовно совршенство ќе станат посебни суштества, а во очите на боговите низ целиот универзум тие се извонредни просветлени суштества, кои се челичеле додека траеше периодот на Фа исправањето. Зошто старите сили беа толку груби кон учениците на Дафа? Од една страна, тие се љубоморни на вас. Од друга страна, тие гледаат со презир на одредени ученици на Дафа кои имаат премногу и премногу силни човечки мисли кои не се втемелени во Фа во различни ситуации, и кои гледаат на работите на човечки начин. Затоа, оние кои не прават добро ќе имаат големи неволји, а ако така продолжи ќе биде многу опасно!

Фа исправањето сега го достигнува својот крај, а старите сили сакаат да отстранат одреден број луѓе кои не успеале вистински да работат на себе во култивацијата или кои долго време не ги почитувале своите завети и не ги исполнуваат своите историски мисии. И така, им дозволуваат на демонски ентитети да ги запоседнат телата на најлошите поединци кои се измешале меѓу практичарите, и тие го користат нивното човечко размислување, приврзаности или огорченост и други покварени мисли за да ги вознемират практичарите кои се оддалечија од Фа и кои всушност не се култивираат долго време. Иако се чини дека се трудат да ја оцрнат заедницата на Дафа култиватори, старите сили всушност ги користат овие луѓе за да го прочистат целокупното тело на учениците на Дафа и да ги разоткријат меѓу учениците на Дафа оние кои само се плеткаат наоколу, кои додека вежбаат не можат да се ослободат од своите приврзаности, кои одамна не се втемелени во Фа и кои се промениле до точка кога повеќе не можат да се култивираат. Во ова критично време, кој и да се сложи со овие поединци е некој што лесно се идентификува со цел да се отстрани. Ова е вистинската причина зошто старите сили во позадина ги користат овие поединци кои предизвикуваат неволји во ова време.

Оние кои предизвикуваат неволји се контролирани од демонски ентитети, иако тие сами не се свесни за тоа и, се разбира, не веруваат во тоа. Проблемот е што навистина има некои луѓе со приврзаности и огорченост што ги следат, се согласуваат со нив и ги слушаат, ги гледаат или ги читаат нивните работи, целосно занемарувајќи ја сериозноста и свеченоста на Дафа и на духовната пракса. Но Дафа е Небесен пат и никој не може да го наруши! Она што може да биде нарушено е умот на луѓето. А тие што го прават тоа се точно оние кои старите сили сакаат да ги уништат. Луѓето кои подолго време се оддалечиле од Фа треба да обрнат посебно внимание. Оние кои најчесто се согласуваат со поединците кои предизвикуваат проблеми, се луѓе кои имаат приврзаности, огорченост, или дури оние кои биле избркани од проект на Дафа наменет за спасување на луѓето, поради грешките што ги направиле. Поради тоа тие се незадоволни, и кога разговараат меѓу себе и ги пренесуваат своите поплаки, тогаш на површина јасно излегува нивното човечко размислување. Може да видиме дека таквите луѓе никогаш не застанале за момент да размислат врз основа на нашето учење, на Фа и да се запрашаат: дали е во ред да бидам толку огорчен? Дали тоа му доликува на еден култиватор? Дали тоа е во согласност со нашето учење? Ако некој не се култивира добро, тоа е негова работа, но кога тој со своите постапки прави голема штета на нашата пракса и на нашите напори да ги спасиме луѓето, тогаш тоа е нешто многу сериозно. Како може да им се дозволи на човечки суштества да го нарушат ова огромно Фа исправање приредено од Створителот и многубројни богови во тек на милиони и милиони години со цел да се спасат сите живи суштества?! Ваквите пореметувања се најголемиот грев, што ниедно суштество во ниеден од домените не треба да се осмели да го прави!

Исто така, има некои кои тврдат дека одамна престанале да се култивираат и мислат дека ако повеќе не се еден од нас, смеат да кажуваат или прават работи што се штетни за Дафа. Јас ќе им го кажам ова: на времето можевте да се вклучите во практиката затоа што сте гарантирале со вашиот живот. Не е важно колку години имате или колку време поминало од тогаш, дадениот завет е свечена работа. Ова значи дека за оние кои велат дека повеќе не практикуваат, не е важно дали сте го напуштиле Дафа одамна или неодамна: треба да го исполните својот завет дури и ако повеќе не се култивирате. Неверојатно свечена работа е што порано сакавте да станете ученик на Големиот пат на универзумот, во времето на Фа исправањето. Тој избор е од големо значење за секое суштество, а заветот е потпишан со вашиот живот! Дали мислите дека тоа е толку едноставно да одлучите дали ќе вежбате ако сакате и нема да вежбате ако не сакате? Може ли да им се дозволи на луѓето да си поигруваат со одговорност од космички размери, како и со боговите и со Создателот?! Откако сте го потпишале својот завет, вие морате и да го исполните!

Од сочувство, јас повторно го давам ова учење на оваа група луѓе – за последен пат. Направете си услуга и изберете го патот кој е во ваш најголем интерес! Зарем не е очигледна сериозноста на вашата духовна пракса кога старите сили ја насочија целата сила на една огромна нација контролирана од злобната кинеска комунистичка партија, само за да не потиснат? Во минатото, никогаш човечките суштества не станале богови. Па како може ова да не биде сериозна работа? Дали болните лекции на Дафа учениците кои не постапувале добро во нивната пракса не се доволни за да ве разбудат?

Учител Ли Хонгџи
1. септември 2023. година



Превод на македонски, 24.09.2023