Falundafa.org
Внимавајте на опасност
Големиот пат (Дафа) е овде за да ги спаси луѓето во последните денови, и да ги води во нивниот духовен развој. И покрај тоа што се наоѓаат меѓу учениците на Дафа, некои луѓе не работеле вистински на својот духовен развој. Во клучните моменти, тие секогаш ги оценуваат работите со човечка приврзаност, човечко размислување и човечки емоции. Некои од нив дури и кажуваат: „Го направив тоа и тоа за Дафа” или „Жртвував толку и толку за Дафа” и т.н. Оваа група на луѓе најверојатно може да биде искористена од злобните агенти на кинеската комунистичка партија.
Големиот пат постоел одсекогаш. Тој се манифестира во човечкиот свет само за спасение на луѓето во овие последни денови. Што можат да направат луѓето во врска со тоа!? Големиот пат им нуди спасение на луѓето! Не е дека луѓето прават нешто за Големиот пат! Кога ти, како човечко суштество страдаш од неправда или те прогонува злото, за време на твоето духовно патување, твојот Учител те заштитува и поднесува карма и гревови за тебе. Учителот не ти должи ништо! Тој се изложува на вербални малтретирања што му ги наметнува злобната комунистичка партија на Кина, само за да те спаси. Што треба да се направи кога доверителите на кои сте им должни, па дури и оние кои страдале заради вашите постапки, кои ве направиле масовно задолжени во текот на многу животи, инсистираат да платите? Исто така, законите на универзумот ја проценуваат секоја индивидуа. Затоа, во текот на вашето духовно патување ќе имате неволји и ќе бидете изложени на прогон. За жал, ако не се однесувате добро додека ве прогонуваат, вашите неволји ќе станат уште пожестоки. Кога не можете да ги надминете, тогаш некои од вас почнуваат да му замеруваат на Дафа, па дури и мене. Но сите овие работи се случуваат само поради вашите проблеми. Вашиот Учител не ви должи ништо. Додека ве спасува, тој ги поднесува вашите гревови и ја отплаќа вашата карма, се труди се да надомести. Всушност, вие сте тие што му должите на вашиот Учител. Немојте погрешно да мислите дека кога сте помогнале да се подигне свеста за Дафа и за прогонот, сте се придружиле во активностите на Дафа или сте учествувале во проектите на Дафа, сте направиле нешто за Дафа или за мене. Тоа е мој начин за да се спасите, да си помагате едни на други, заедно да ги спасувате луѓето, а во исто време да се спасите и себе си, така што во текот на овие последни денови можете да помогнете да се спасите едни со други. Вие не ги правите овие работи за Големиот Пат, Дафа. Отсекогаш постоел големиот пат и никој не може да влијае на него. Тој се појави во светот за да ги спаси луѓето во последното време, инаку, човекот не би знаел дека во универзумот постои Големиот Пат.
Целта на подигањето на свеста на учениците на Дафа е духовно да се усовршат себе си, а истовремено да се подобрат со поднесување на неволји, што води до намалување на нивната карма. Ова и дава уште поголемо значење на нечија духовна пракса и ја прави уште повеличенствена. И ова не се прави поради Дафа, туку поради себе си. Малтретирањето и неправдите што ги трпите за време на прогонот, имаат за цел да ги отстранат вашите гревови, но не трпите нешто поради Дафа, а уште помалку поради вашиот Учител! Дафа е тука за да ги спаси сите животи, вклучувајќи те и тебе! Како може да ти должи нешто кога те спасува? Ти беше тој што вети дека пред распаѓањето на крајот на времето ќе дојдеш на оваа земја и ќе се култивираш во Дафа за да ги спасиш животите што ги претставуваш. Со други зборови, си потпишал со твојот живот да ја следиш Дафа и да се култивираш под водство на Дафа. На почетокот ти си почнал да практикуваш откако од учениците на Дафа си слушнал дека Дафа е тука – а не затоа што некој те присилил на тоа. Човек може секогаш да престане да практикува Дафа, иако го ставил во залог својот живот кога дошол на овој свет. Но твоја работа е ако сакаш да го прекршиш тој завет, а не на некој друг. Дали практикуваш или не, тоа е твој избор!
Некои луѓе велат дека се практичари, но во реалноста, работите што ги прават не се она што треба да прават практичари на духовна дисциплина, и често пати всушност, ја срамат титулата „ученик на Дафа”.
Затоа, сакам да кажам за оние кои вистински не се култивирале и станале огорчени откако не успеале да ги поминат тестовите во нивниот духовен развој: духовната пракса е за да работите на себе си. Се што правите, вклучително и она на што работите за да ја подигнете свеста и прогонот што го поднесувате за време на тој процес, е дел од вашиот духовен развој и нешто што мора да се направи и да се издржи. Прогонот што ви го наметнаа старите сили се должи на кармата што ја имате. Ништо од тоа што сте направиле не е поради Дафа, ниту пак поради вашиот Учител. Напротив, вашите кармички долгови им дадоа на старите сили средство за да ве прогонуваат.
Зарем јас, твојот Учител, не поднесов премногу за тебе поради моето сочувство кон сите живи суштества, јас направив премногу за тебе, со надеж дека ќе успееш во својата култивација, а ти го земаш сето тоа здраво за готово? А некои од вас можеби дури и помислиле дека вашиот учител на некој начин има корист од вас. Твојот учител страда поради тебе, не добива ништо од тебе и го прави сето ова само затоа што се грижи за сите живи суштества! Дали ќе успеете во вашето духовно патување зависи од вас. Фа исправањето на космосот стигна до последната фаза и кога овој временски период ќе заврши, ќе има сериознен процес на селекција и елиминација. Затоа, правете го она што е во ваш најдобар интерес! Боговите ги почитуваат учениците на Дафа кои го поминале овој историски период. И вие треба да се цените себеси и најдете начин за да го пребродите овој невиден и најлош прогон. Станете вистински просветлени! Тоа е нешто што боговите го сметаат за величенствено!
Твојот Учител
Ли Хонгџи
31. август 2023. година