Falundafa.org


Зошто да се спасат живите суштества

Зошто Создателот сака да ги спаси живите суштества? Затоа што Тој ги сака сите суштества! Затоа што Тој е оној кој им даде живот на сите живи суштества.

Кога космичкото царство дошло до крајот на времето во процесот на формирање, стабилност, дегенерација и уништување, Создателот искористи 200 милиони години за да создаде Три Света и организира различни форми и можности за спасение на живите суштества, поставувајќи ги темелите за човечката култура, мислата и однесувањето. Тој исто така го користел своето божествено тело за да ги реши и елиминира гревовите и кармата на сите суштества! За да ги спаси живите суштества, Тој даде сè што имаше.

Со цел да им помогне на луѓето да ги исполнат божествените барања на почетокот на спасението за време на крајот на времето, Создателот се реинкарнирал во повеќе тела безброј пати во 200 милиони години за да ги постави темелите за културата на човештвото на Земјата, зачувувајќи го човечкиот морал. Во текот на долгиот, исцрпен тек на историјата, суштествата се реинкарнирале повторно и повторно, чекајќи десетици милиони години; со текот на времето, животот и вистинското тело на луѓето на Земјата (вклучувајќи различни етникуми) главно создале различни сродства со Создателот и, со тоа, Создателот уште повеќе го сака својот народ. Како што доаѓаа крајот на времето, за подобро да се понуди спасението, оние суштества кои немале такво сродство со Создателот не можат да станат луѓе овде во овој момент, и во овој момент, вистинските тела на луѓето во светот се сите Негови луѓе. Дури и оние богови во кои луѓето веруваат, суштества кои се инкарнирале во луѓе за да ги поучуваат Фа и Тао, се сите Негови луѓе. Целта била боговите да го искористат човечкото тело за да воспостават божествена култура за конечното спасение на луѓето во светот од страна на Создателот. Различните праведни религии што останаа, исто така, постоеја за да го одржат човечкиот морал додека луѓето го чекаа конечното спасение од страна на Создателот. Што се однесува до Создателот, Тој има право да дарува алтруистичка љубов на својот народ, а Неговата љубов е уште поголема кон оние што ги смета за достојни. Тоа е Негово право и никој нема право да се меша! Тоа е Неговата врховна благодат за суштествата!

Создателот е Господар на сите богови во космичкото царство и Тој е творец на Господарот на сите господари и Кралот на сите кралеви. Тој им заповеда на сите суштества, вклучувајќи ги и сите луѓе, богови и нешта во Трите Света што ги создал. Неговата љубов е најголемата света благодат за живите суштества! За луѓето во светот е најголема чест Тој да ги сака!

Учителот Ли Хонгџи
17.04.2023 година



Превод на македонски, 10.05.2023