Falundafa.org


За Дафа (Lunyu)

Дафа е мудроста на Творецот. Тоа е темел на создавањето, на кој се изградени небото, земјата и вселената. Тоа ги опфаќа сите нешта, од крајно најмалите до екстремно најголемите, додека различно се манифестира на секоe од нивоата на постоењето на космичкото тело. Од длабочините на космичкото тело, прво се појавуваат најмалите честички, проследени од слоеви над слоеви на безбројни честички, од мали до големи, достигнувајќи се до нивоата на површината кои му се познати на човештвото - оние од атоми, молекули, планети и галаксии - и понатаму, до оние што се уште поголеми. Честички од различна големина сочинуваат животи од различна големина, како и светови од различна големина, кои се наоѓаат насекаде во космичкото тело. Животите на секоe од различните нивоа на честички ги доживуваат честичките од следното повисоко ниво како планети на нивното небо, и така e на секое ниво. На животите на секое ниво на универзумот им се чини дека тоа така продолжува до бесконечност. Дафа, исто така, го создаде времето и просторот, мноштвото на животи и видови, како и целото создание; сè што постои, постои благодарение на него и ништо не е надвор од него. Сето ова се конкретните манифестации на карактеристиките на Дафа: Џен, Шан и Рен на различните нивоа.

Колку и да се напредни човечките методи за истражување на вселената и за испитување на животот, стекнатото знаење е ограничено само на одредени делови на оваа една димензија на ниско ниво на универзумот, каде што живеат луѓето. Луѓето имаат истражувано други планети во време на предисториските цивилизации. Сепак, до кои височини и растојанија да има достигнато, човештвото никогаш не успеало да излезе од димензијата во која постои. Човештвото никогаш нема да може да ја види вистинската слика на универзумот. Ако едeн човек сака да ги разбере тајните на универзумот, на време-просторот и на човечкото тело, тоj мора да започне со култивација на исправен Пат, и да постигне вистинско просветлување воздигнувајки го нивото на своето постоење. Со култивацијата ќе се воздигне неговиот морален карактер, а откако ќе научи да прави разлика меѓу она што е навистина добро и навистина зло, и доблест од порок, и кога ќе го надмине човечкото ниво, тоj ќе може да ги види и да стапи во контакт со реалностите на унивезумот, како и со животите на другите нивоа и во другите димензии.

Додека луѓето често велат дека целта на нивните научни истражувања е “подобрување на квалитетот на животот”, нив, всушност, ги води технолошката конкуренција. И во повеќето случаи, тие се појавиа дури откако луѓето го потиснаа божественото и се откажаа од моралните принципи, наменети да се обезбеди самоконтрола. Токму поради овие причини, цивилизации од минатото повеке пати биле уништени. Човекот во своите истражувања може само да се ограничи на овој материјален свет и методите се такви што се проучува само она што е признаено. Меѓутоа, работите кои се нематеријални и невидливи во човечката димензија, но кои објективно постојат и се откриваат на реални начини во овој непосреден свет - како што се духовност, верба, божествени зборови и чуда - се третираат како табу, бидејки луѓето го отфрлија божественото.

Ако човечкиот род е во состојба да ги подобри својот карактер, однесување и размислување, темелејки ги на морални вредности, тогаш ќе биде можно човечката цивилизација долго да истрае, па дури и чуда повторно да се случат во човечкото општество. Многу пати во минатото во човечкото општество се појавуваа култури кои беа полубоженствени и получовечки и им помагаа на луѓето да дојдат до повистинско разбирање на животот и на универзумот. Кога луѓето покажуваат соодветна почит и вреднување кон манифестацијата на Дафа тука во овој свет, тогаш тие луѓе, нивната раса или нација ќе уживаат благослов или чест. Дафа - Големиот Пат на универзумот - е она што го создаде космичкото тело, универзумот, животот и целото создание. Секое живо битие што ќе се сврти од Дафа, навистина е расипано. Секое лице кое може да се усогласи со Дафа е навистина добра личност и ќе биде наградено и благословено со здравје и среќа. А секој култиватор кој е во состојба да се соедини со Дафа е просветлен - божество.

Ли Хонгџи
24. мај 2015



Превод на македонски, 14.10.2017