Falun or Law wheel

Краток вовед во Фалун Дафа

Фалун Дафа (познат и како Фалун Гонг) е духовна практика која на милиони луѓе во целиот свет им стана дел на животот. Вкоренета во будистичката традиција, се состои од две главни компоненти: само-подобрување преку проучување на учењата и благи вежби и медитација.

Во Фалун Дафа се верува дека со дисциплинирана пракса може да се оствари духовен раст. Неговите учења ѓи охрабруваат учениците да се откажуваат од нездравите приврзаности, додека во исто време се обидуваат да го ускладат својот живот со основните принципи на универзумот: Вистина, Добродушност и Толеранција.

Луѓето кои практикуваат Фалун Дафа често сметаат дека тој им го променил животот. Многумина доживуваат драматични здравствени подобрувања, како и повеќе енергија, ментална јасност и смалување на стресот. Уште поважно, многу чуствуваат дека во Фалун Дафа го имаат пронајдено својот духовен пат.

Позадина и како се учи

Фалун Дафа првично го предаваше во Кина г. Ли Хонгџи, учителот на практиката (или "мајсторот", што е повеке во согласност со азиската традиција). Сега се практикува во над 80 земји, а учењата на г. Ли Хонгџи се преведени на над 40 јазици.

Главните учења на Фалун Дафа се содржани во книгата Чуан Фалун. Таа е достапна на оваа веб-страница за бесплатно читање преку интернет. Вежбите и медитацијата можат да се научат од локалните волонтери излистани под Контакти (види горе) или со помош на содржините на оваа веб-страница.

Фалун Дафа се учи бесплатно и праксата е отворена за сите.