Falun or Law wheel

Краток вовед во Фалун Дафа

Фалун Дафа (познат и како Фалун Гонг) е духовна практика која на милиони луѓе во целиот свет им стана дел на животот. Вкоренета во будистичката традиција, се состои од две главни компоненти: само-подобрување преку проучување на учењата и благи вежби и медитација.

Во Фалун Дафа се верува дека со дисциплинирана пракса може да се оствари духовен раст. Неговите учења ѓи охрабруваат учениците да се откажуваат од нездравите приврзаности, додека во исто време се обидуваат да го ускладат својот живот со основните принципи на универзумот: Вистина, Добродушност и Толеранција.

Луѓето кои практикуваат Фалун Дафа често сметаат дека тој им го променил животот. Многумина доживуваат драматични здравствени подобрувања, како и повеќе енергија, ментална јасност и смалување на стресот. Уште поважно, многу чуствуваат дека во Фалун Дафа го имаат пронајдено својот духовен пат.

Историја на Фалун Дафа и како може да се научи

Фалун Дафа првично беше подучуван во Кина од Ли Хонгџи, учител на практиката (или мајстор, што е повеќе во согласност со азиската традиција). Сега се практикува во над 80 земји, а учењата на Ли Хонгџи се преведени на преку 40 јазици.

Фалун Дафа може да се научи бесплатно и практиката е отворена за секого.